Со гаснење на светилките ќе биде одбележан часот на планетата Земја, ќе учествува и Македонија

март 26, 2023

Милиони луѓе ширум светот во исто време симболично во своите домови ќе го исклучат осветлувањето во знак на солидарност за планетата Земја.

Кон акцијата неколку години наназад се приклучува и нашата земја. Светилките ќе бидат изгаснати во периодот од 20:30 до 21:30 часот по локално време.

Часот на планетата Земја е најголемата светска еколошка акција, која секоја година обединува милиони луѓе ширум светот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ