Home

Perdormire
Струмица Хроника

ПРИВЕДЕН СТРУМИЧАНЕЦ – ПРОНАЈДЕНИ 100 КИЛОГРАМИ ТУТУН БЕЗ ПЛАТЕНИ ДАВАЧКИ!

Home

На магистралниот пат Свети Николе – Штип, вчера во 03:30 часот кај населбата Три Чешми, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ж.А.(61) од Струмица, бидејќи при контрола на товарно возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени околу 100 килограми сечкан тутун, спакуван во ќеси и кутии на кои имало називи и логоа од познати брендови на тутун, но без акцизни маркички и декларции, соопштија од МВР.

За случајот се запознати јавен обвинител и Царинската управа на Република Северна Македонија, а по негово комплетирање ќе следи соодветен поднесок.

ФОТО: ИНТЕРНЕТ