strumica denes logo

МАЖ ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И ГИ ИСТЕРАЛ МАЛОЛЕТНИТЕ ДЕЦА ОД ДОМОТ ВО СТРУМИЧКО – ВО ДРУГ СЛУЧАЈ СИН АГРЕСИВНО СЕ ОДНЕСУВАЛ КОН ТАТКО МУ!

Автор:

Датум:

ноември 7, 2026

Автор:

Датум:

ноември 7, 2026

Два одделни семејни инцидента биле пријавени во струмичкиот регион во текот на вчерашниот ден и раните утрински часови денеска, информираат од полицијата.

Во првиот случај, на 6 ноември 2026 година, во Полициската станица Струмица, 65-годишен жител на струмичко село пријавил дека неговиот 33-годишен син, кој според пријавата имал нарушено психичко здравје, се однесувал агресивно кон него.

За случајот бил известен јавен обвинител, а 33-годишниот маж бил спроведен на лекување во медицинска установа.

Вториот случај бил регистриран ноќеска, на 7 ноември, околу 00:50 часот, кога полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 38-годишен жител на струмичко село.

Според пријавеното, мажот во семејниот дом физички ја нападнал својата 33-годишна сопруга, по што ги истерал и нивните малолетни деца од куќата.

Осомничениот бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на вториот случај ќе биде поднесена соодветна пријава.