strumica denes logo

НАКОВСКИ ВОЛЕЈ НЕ ЗНАЕ ЗА ПОРАЗ: СТРУМИЧКИТЕ ОДБОЈКАРКИ СО ГОЛЕМА ПОБЕДА НА ГОСТИНСКИ ТЕРЕН ГО ОСВОИЈА ВРВОТ НА ТАБЕЛАТА!

Автор:

Датум:

ноември 8, 2026

Автор:

Датум:

ноември 8, 2026

Одбојкарките на Наковски Волеј од Струмица продолжуваат со одличните настапи и победничката серија, останувајќи непоразени во досегашниот тек од првенството!

На тешкото гостување против екипата на Газели Волеј, струмичките одбојкарки славеа со 2:3 во сетови (25:22, 19:25, 25:19, 22:25, 9:15), со што го освоија врвот на табелата без ниту еден пораз.

Натпреварот донесе вистинска одбојкарска драма, неизвесност и голема борба на двете страни. Иако домаќинките двапати имаа предност во сетови, струмичанки покажаа карактер, упорност и квалитет, успевајќи да се вратат во игра и да го добијат решавачкиот петти сет со убедливи 15:9.

Со оваа победа, Наковски Волеј уште еднаш потврди дека располага со тим кој знае да се справи со притисокот и да победува и во најтешките моменти.