НА 29 АПРИЛ ВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ ВО СТРУМИЦА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦЕНТАРОТ ЗА БАЛЕТСКА УМЕТНОСТ „РЕВЕРАНС“

април 26, 2024

На 29 април во Струмица со почеток од 19:00 часот, центарот за балетска уметност „Реверанс“ ве поканува на уште едно издание од нивната годишна програма во која со нивните ученици, на сцената ќе го покажат талентот, трудот и способност за танцување и пеење.

Специјални гости на вечерта ќе бидат Теодора Ежовска од Струга – Современ балет со соло изведба, убавите класични балерини на Arabesque од Штип, глумците и балерините на Skill Factory од Куманово и нашите талентирани современи танчари Антигона и Моника кои ќе се претстават со соло изведби.

Уживајте во богатата програма.

Дом на култура “Антон Панов” – Струмица
29.04.2024
19:00 часот.
Влез: 200 ден.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ