Младиот струмички пијанист Стефан Ончев постигна голем успех на натпреварот „ALMA Academy Liszt Music Art“ во Италија, кој се одржа од 22 до 25 октомври. Со максимални 100 поени, тој освои специјална награда и доби покана да настапи на концертот на победниците.
Високата оценка од стручното жири му донесе значајно признание, а поканата за концертот претставува дополнителна можност да го претстави својот музички талент.
По повод успехот, беше упатена благодарност до жирито за високото вреднување на неговиот настап, како и до неговата професорка, м-р Марија Максимова, за несебичната поддршка, посветеноста и стручното водство.
Со ова достигнување, Стефан донесе уште една убава вест за Струмица и повод за гордост на својот град.
























