МВР информира дека рано утринава околу 02:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Радовиш, во близина на с. Радичево, општина Василево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.В.(19) од с. Злеово, радовишко и патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(58) од с. Добрејци, струмичко.
Од здобиените повреди на местото починал возачот Р.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Во несреќата со телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „мицибуши“ Д.А.(36) од село Дабиле, струмичко.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, при што било констатирано дека Н.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,32 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
























