ПОЖАР ВО ДАБИЛЕ, НАПРАВЕНА Е ПОГОЛЕМА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА!

март 27, 2019

На 27.03.2019 година од страна на увидна екипа од Сектор за внатрешни работи Струмица и инспектор од Дирекција за заштита и спасување е извршен увид на лице место по пријавен настанат пожар во село Дабиле Струмичко. Од извршениот увид е констатирано дека на 26.03.2019 година околу 20:00 часот избувнал пожар во помошна просторија лоцирана во дворното место од куќата на И.П (47) од село Дабиле во кој целосно изгореле кровната констркција на помошната просторија, две домашни животни, земјоделски машини, алат и сточна храна кои биле сместени во помошната просторија. Пожарот исто така ја зафатил и куќата на оштетениот при што целосно изгорела кровната конструкција на куќата, опожарени се таванот, соларниот систем и експанзиониот дел за парно греење.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ