Perdormire
Хроника

СТРУМИЧКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ СО ДВЕ ИНТЕРВЕНЦИИ: СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ ПЕТРАЛИНЦИ!

Денес, (недела) 21.06.2020 година ТППЕ Струмица имаше две интервенции. Во 05.00 часот во близина на с.Петралинци со 1 ПП возило и 5 пожарникари интервенираше на сообраќајна несреќа. Автомобилот беше удрен во мостот при што возачот е полесно повреден и предаден на брза помош. Во 09.43 со едно теренско ПП возило и 2 пожарникари интервенираше на гаснење на запалена сува трева и ѓубре. Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран.