Николовски: Со замрзнатите цени граѓаните заштедија, очекувам дополнително намалување на цените

мај 11, 2023

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, во „10МИНУТИ“ на ТВ21 коментираше за замрзнатите цени на прехранбените продукти. Николовски кажа дека очекува уште повеќе намалување со доаѓањето на домашното производство.

„Донесовме одлуки кои не штета на домашното производство. Тоа замрзнување на цените има ефекти, затоа што граѓаните заштедија 2 милиони евра. Сега е период кога доаѓа и домашното производство и очекувам дополнително намалување на цените, но не може да се очекува дека цените ќе бидат исти, затоа што се зголемија импутите“, рече Николовски.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ