Кравите се продаваат, пaѓа производството на млеко – ќе имаме ли доволно домашно производство?!

август 28, 2023

Ќе дојде ли ден кога ќе го снема домашното производство во Македонија?! Производството на млеко во Пелагонија драматично се намалува поради ниските откупни цени, а сточарите ги продаваат кравите затоа што трошоците им се поголеми од добивката, обајви Телма. Наспроти евтината суровина, постојано поскапуваат сирењето, кашкавалот, урдата и другите млечни производи. Земјоделците уверуваат дека поскапувањето се крие во маржите на трговците и откупувачите. Велат ако за еден килограм сирење се потребни 6 литри млеко, тогаш јасно е кој го собира кајмакот.

Сирењето и кашкавалот за граѓаните стануваат недостижни и ги купуваат на грамови. Млекопреработувачите пак велат дека цените на млекото лани биле повисоки за 15 до 20 проценти, а на тврдите млечни производи од 5 до 8 проценти. Откупната цена пак, велат, е најскапа во регионот.
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ