Комисијата предлага укинување на сертификатите за влез во трговските центри во Република Македонија!

март 2, 2022

Комисијата за заразни болести предложи Владата да ја укине мерка за барање сертификат за примени вакцини при влез во трговските центри. Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски, најави дека ова е чекор до целосно олабавување на мерките.

„Еден од поважните заклучоци што ги донесовме денеска е укинувањето на сертификатите во моловите, на местата каде што не е задолжително носење маски. Ова е еден чекор до целосно олабавување на мерките. За следниот развој ќе бидеме многу внимателни, не сакаме со нагло укинување на мерките да се постигнат несакани резултати“, рече претседателот Петличковски.

Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ, извести дека новото олабавување на мерките ќе зависи од степенот на вакцинација на населението, која кај нас изнесува 40 отсто, па затоа од денес почнува кампања за вакцинација, која треба да го крене процентот и да придонесе за нови олабавувања на мерките.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ