strumica denes logo

„ПО ПАТЕКИТЕ НА МИС СТОУН“: ДВОДНЕВНА ТУРА НИЗ ПРИРОДНИТЕ УБАВИНИ И КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА ВАСИЛЕВО!

Автор:

Датум:

октомври 29, 2026

Автор:

Датум:

октомври 29, 2026

Пешачка тура, посета на културно-историски знаменитости и учество на традиционалната „Празијада“ се дел од програмата за пилот-тестирање на туристичката рута „По патеките на Мис Стоун“, кое ќе се одржи на 31 октомври и 1 ноември 2026 година во Општина Василево.

Првиот ден е предвидена организирана пешачка тура од Турија до Нивичино. Собирот на учесниците е закажан за 31 октомври во 09:00 часот, кај црквата во Градашорци, од каде ќе започне дводневната програма.

На 1 ноември активностите продолжуваат со посета на културно-историски знаменитости и на традиционалната манифестација „Празијада“, поврзувајќи ги природните убавини, локалното наследство и традицијата на овој крај.

Организаторите ги повикуваат заинтересираните да се пријават и да бидат дел од пилот-тестирањето на рутата.

Пријавување и дополнителни информации се достапни на телефонскиот број +389 71 272 938 и на е-поштата missstonetrails.info@gmail.com.