bandr

ОБЈАВЕН СПИСОКОТ КОИ РАКОМЕТАРИ НА МАКЕДОНСКАТА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЌЕ ИГРААТ ПРОТИВ ГРЦИЈА ВО СТРУМИЦА!

Македонскиот селектор Данило Брестовац денеска го објави поширокиот список со ракометари за натпреварите против Турција и Грција за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Ракометарите го играат мечот против Турција на 12 јуни со почеток од 19 часот во Ескишехир, а четири дена подоцна во Струмица ќе ја пречекаат Грција од 18 часот.

Во моментов Македонија се наоѓа на првата позиција во групата, која ја дели со репрезентацијата на Исланд.