Home

Perdormire
Спорт

Дориев и Стоилов „проблематични“ за дербито на Струмица!

Home

Тренерот на „пандевци” Југослав Тренчовски има големи проблеми во пресрет на неделното градско дерби со Беласица. Имено тој веројатно не ќе може да смета на својот најдобар фудбалер Љупче Дориев. Напаѓачот има проблеми со задната ложа, па така во изминатите денови не тренираше. Исто така проблематичен е настапот и на Стоилов, додека Миловановиќ и Шиков се уште не се фит. Да потсетиме дека екипата на А. Пандев на стартот од пролетниот дел, со 3:0 убедливо ја победи Македонија ЃП со што се зацврсти на третата позиција на табелата, а во недела ја чека тешка задача во градското дерби со Беласица. На првите два меча оваа сезона „пандевци” славеа со 2:0 и 3:0.