КОНЕЧНО: Струмичанецот Дејан Илиев доби покана од македонската фудбалска репрезентација!

ноември 2, 2018

Како што пишува порталот СПОРТМЕДИА, испратена е покана до голманот на Арсенал адресирана до „топчиите”, сега се чека само на официјално известување на селекторот Игор Ангеловски.

Она што го најави селекторот Игор Ангеловски, во мега – интервјуто за „Спорт” пред две недели, и го остварува. Имено тој тогаш, веднаш по октомврискиот циклус во Лигата на Нации, напомена дека во иднина за голманската позиција ќе смета и на Дени Илиев и Игор Алексовски-пишува СПОРТМЕДИА.

Дека и двајцата, заедно со Дамјан Шишковски ќе се ротираат на местото трет голман во нашата репрезентација. Со оглед на тоа дека Давид Митов Нилсон веќе подолго време не е во натпреварувачка форма, Ангеловски испратил повик, односно покана до Дени Илиев адресирана до неговиот клуб Арсенал. Испратени се и други покани, односно тоа е оној поширок список за претстојните дуели во Лигата на Нации против Лихтенштајн и Гибралтар.

Сега се очекува, се најавува тоа да се случи следната недела, Мрме и на официјален прес да го објави списокот од 20 фудбалери на кои ќе смета за последните два меча во Лигата на Нации. Веројатно меѓу нив ќе биде и Дени Илиев кој во последно време добро брани за У-23 на Арсенал-стои во објавата на СПОРТМЕДИА.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ