ДА ПОМОГНЕМЕ: САМОХРАН РОДИТЕЛ ПОРАДИ НЕВРЕМЕТО ОСТАНА БЕЗ СВОЈОТ ДОМ

јуни 23, 2018

58 годишниот Страхил Стоилов од село Владевци, струмичко од неодамнешното невремето кои го зафати регионот остана без својот домот. Страхил живее со неговата мајка 85 годишната мајка Велика и својот син дванесет годишниот Александар. Старата куќа во која живеат остана на половина, односно едниот ѕид од силното невреме се сруши,  а и на останатиот дел од куќата му претстои истата опасност. Страхил е самохран родител и живее од социјалната помош која ја зема од државата.

Неговите роднини и пријатели од селото му помагаат колку што можат и упатуваат апел преку Струмица Денес до сите добронамерни луѓе и институции во државата да му помогнат на ова семејство.

Сметката за донации е: 210-5015780878.11 НЛБ Тутунска Банска, Стоилов Страхил, Владевци бр.4 – Василево

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ