УЧИЛИШТЕТО СОУУД „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ХРАНАТА, ДОНИРАШЕ ЈАБОЛКИ КОИ ЌЕ ПОСЛУЖАТ КАКО ДЕСЕРТ ЗА СТАРИТЕ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА!

октомври 16, 2020

Дијаконија Македонија – Мис Стон Центар Струмица:

По повод светскиот ден на храната 16 октомври, каде што повеќе од 900 милиони луѓе во светот гладуваат, училиштето СОУУД “Димитар Влахов” од Струмица, ни донираше свежи јаболки кои самите ученици со поддршка од професорите, ги одгледуваат на сопствените земјоделски површини.

Јаболките ќе бидат поделени како десерт заедно со главниот оброк на нашите стари и изнемоштени корисници.

Овој прекрасен пример на хуманост нека биде мотивација за останатите школи, фирми и земјоделци , бидејќи сами не можеме да правиме големи работи, но сите можеме да правиме мали работи со многу љубов. Затоа ајде сите заедно да направиме нешто убаво.

Голема благодарност до професорите, учениците и самото училиште СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ