ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:
Ја информираме јавноста за уште еден инцидент и немил настан . СДСМ Струмица во очај заради неуспешоста на уцените , заканите и пристисоците врз граѓаните преминува во употреба на физичко насилство.
Не можејќи да се соочат со изборниот пораз во Општина Струмица, со поразот во Банско и слабата поддршка од граѓаните, раководството на СДСМ по поразот се служи со притисоци врз своите членови истовремено со закани и директни напади на активисти на ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска 03.05.2024 година во текот на денот од страна на активист и претседтел на СДСМ во Банско, Даме Тренчевски, во маркет, физички и со употреба на сила е нападнат Претседателот на младите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Андонов.
Нападот уредно е пријавен пред надлежните органи, а за овој инцидент ОК ВМРО-ДПМНЕ ќе ги извести претставниците на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Република Македонија.
Пред само неколку денови известивме за инциденти, каменување во кампањата на штабови на ВМРО-ДПМНЕ, закани и обиди да се изврши заплашување на сограѓаните.
Ги охрабруваме сите наши сограѓани, посебно членовите на СДСМ кои се ослободија и доброволно го напуштат бродот на СДСМ кој тоне да не подлегнуват на заканите и притисоците.
Паниката во изборните штабови на СДСМ во Струмица е голема и тешко е да се консолидират редовите, но сепак нашиот апел е да се зачува граѓанското достоинство.
Времето на СДСМ заминува и со себе ќе ги однесе насилничките однесувања, криминалот и корупцијата. Веќе е време СДСМ Струмица да започне со внатрешни реформи. А ние, ќе им помогнеме на тој начин што ќе ги натераме да одговарат за своите криминални постапки.