59-годишен струмичанец пријавил дека бил физички нападнат од две лица кои ги познавал. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 20:40 часот во СВР Струмица А.Ј.(59) пријавил дека во Струмица бил физички нападнат од Ќ.Ј. и неговиот син, а бил употребен и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.




















