strumica denes logo

НА ИНИЦИЈАТИВА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕТАР ЈАНКОВ: ОБЈАВЕН ПОВИК ЗА МЕСЕЧНА ПОДДРШКА ОД 3.000 ДЕНАРИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО СТРУМИЦА

Автор:

Датум:

ноември 3, 2026

Автор:

Датум:

ноември 3, 2026

На иницијатива на градоначалникот Петар Јанков, Општина Струмица денеска објави јавен повик за финансиска поддршка на редовните ученици со попреченост за учебната 2026/2027 година. Поддршката изнесува 3.000 денари месечно во текот на девет месеци, односно вкупно 27.000 денари по ученик.

Кој може да добие поддршка?

Право на поддршка имаат редовните ученици со попреченост запишани во општинските основни и средни училишта во Струмица, како и во ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица. Еден од условите е ученикот успешно да преминал во следната учебна година.

За видот и степенот на попреченост се доставува наод и мислење за функционална процена и/или наод од стручно тело за проценка на функционирањето, попреченоста и здравјето. За учениците кај кои процената е во тек се прифаќа потврда дека се во процес на функционална процена. Во двата случаи е потребно и мислење од стручната служба на училиштето во кое е запишан ученикот.

Барањето во име на ученикот го поднесува родител или старател кому не му е одземено родителското право, односно старателството.

Каде и до кога се поднесуваат барањата?

Барањата со потребните документи може да се поднесат лично во архивата на Општина Струмица, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, или по пошта на адреса ул. „Сандо Масев“ бр. 1, 2400 Струмица. Документите се доставуваат во затворен плик со назнака „НЕ ОТВАРАЈ“, адресиран до Комисијата за доделување на финансиска поддршка за ученици со попреченост.

Рокот за пријавување е 15 дена од денот на објавувањето на повикот на веб-страницата на Општина Струмица, каде што се достапни и потребните документи и дополнителни информации.

ЛИНК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: https://strumica.gov.mk/javen-povik-192836/?fbclid=IwY2xjawVXCDFleHRuA2FlbQIxMABwZG9mBWJyaWQRMVR5bzRHbkp5ODNpSVpzY1FzcnRjBmFwcF9pZBAyMjIwMzkxNzg4MjAwODkyAAEfyaoCSMNpTxt4cQY-jitkPTNd-bmVV3U1N_p8w7vvVF-xx0jtJXXemEOVTvQ_aem_VdwhfsvS0o0K9NtXcG2a0A