strumica denes logo

ЧЕТВОРИЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО ТРИ СЛУЧАИ НА СВР СТРУМИЦА: Пронајдени марихуана, бела прашкаста материја и сомнителни печурки!

Автор:

Датум:

ноември 2, 2026

Автор:

Датум:

ноември 2, 2026

Четири лица биле лишени од слобода во три одделни случаи на кои постапувале полициски службеници од СВР Струмица на 27 и 28 октомври. При прегледите и претресите биле пронајдени марихуана, бела прашкаста материја и 13 бели печурки чии својства дополнително ќе се утврдуваат со вештачење.

Во првиот случај, на 27 октомври во Струмица бил приведен 53-годишниот Б.Б. од Василево, откако полицијата при преглед кај него пронашла марихуана. Следниот ден, со судска наредба, полициските службеници извршиле претрес и во неговиот дом. Таму биле откриени 13 бели печурки за кои постои сомневање дека имаат психоактивни својства, но тоа допрва треба да го потврди вештачењето. Б.Б. бил задржан во Полициската станица Струмица, а за случајот бил известен струмичкиот јавен обвинител.

Во вториот случај во Валандово, на 28 октомври биле лишени од слобода А.А.(32) од Чалакли и С.С.И.(34) од Ѓопчели. Полицијата, постапувајќи по судска наредба, извршила претреси во домот на А.А. во Валандово и во автомобил „алфа ромео“ со гевгелиски регистарски ознаки. Возилото било сопственост на С.С.И., а го користел А.А. Во него била пронајдена бела прашкаста материја. За настанот било известено Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Третиот случај бил регистриран истиот ден во Струмица. Деветнаесетгодишниот Е.В. од градот бил лишен од слобода откако при полициски преглед кај него била пронајдена марихуана. И за овој настан бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирањето на трите случаи, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.