strumica denes logo

МИЦКОСКИ: Сами против сите – Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец!

Автор:

Датум:

ноември 1, 2026

Автор:

Датум:

ноември 1, 2026

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи по поразот на партискиот кандидат Стојанчо Радичевски во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.

Во објава на социјалните мрежи, премиерот Мицкоски оцени дека неговата партија во изборната трка настапила со конкретна програма и развоен концепт, додека политичките противници, според него, се потпирале на етничка мобилизација и поддршка од други политички фактори со цел да се одвлечат гласови.

„Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови“, напиша Мицкоски.

Тој порача дека концептот „Една Брвеница за сите“ останува основа на политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ.

„Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа“, истакна премиерот.

Реакцијата на Мицкоски следува по победата на Аркин Јахиј од Националната алијанса за интеграција, поддржана од ДУИ.

Според објавените резултати, Јахиј освоил 4.379 гласа, додека Радичевски добил 4.178. Разликата меѓу кандидатите изнесува 201 глас.

ВМРО-ДПМНЕ претходно им ја честиташе победата на политичките противници.