Возачите во Струмица в недела ќе треба да го приспособат движењето низ централното градско подрачје поради одржувањето на „Струмица на улица – Sunday run 2026“. На 1 ноември, од 10:00 до 13:00 часот, повеќе улици и булевари ќе бидат опфатени со привремен сообраќаен режим и затворање за возила.
Ограничувањата ќе важат на следните сообраќајници:
Дел од булеварот „Ленинова“ – од кружната крстосница со улиците „Цветан Димов“ и „Браќа Миладинови“ до крстосницата со булеварот „Маршал Тито“;
Булеварот „Маршал Тито“;
Булеварот „Балканска“;
Дел од улицата „Маршал Тито“ – од кружната крстосница со улицата „Крушевска Република“ до крстосницата со улицата „Елка Јанкова“;
Дел од булеварот „Гоце Делчев“ – од кружната крстосница со булеварот „Балканска“ до кружната крстосница со улицата „Младинска“.

За регулирање и насочување на сообраќајот за време на трката ќе бидат ангажирани службени лица од СВР Струмица и волонтери од организацискиот тим. На терен ќе биде поставена и соодветна сигнализација за пренасочување на возилата.
Организаторите упатуваат апел до граѓаните за разбирање и почитување на привремените ограничувања и насоките од службените лица, со цел трката да се одвива безбедно и непречено.
























