strumica denes logo

ЗАЕДНО ЗА ЕДНА ПОВЕЌЕ: ХУМАНИТАРНА ВЕЧЕР ВО САБОТА ВО СТРУМИЦА ЗА ПОДДРШКА НА ЖЕНИТЕ СО РАК НА ДОЈКА!

Автор:

Датум:

октомври 30, 2026

Автор:

Датум:

октомври 30, 2026

Модата и хуманоста ќе се спојат во Струмица на вечер посветена на женската сила, солидарноста и заедништвото. Во сабота, 31 октомври, во „Грандис“ ќе се одржи хуманитарната модна ревија „Биди своја“, со цел да се даде поддршка на жените кои се соочуваат со рак на дојка.

Организатор на настанот е Пале Галева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – ОК Струмица. Настанот се одржува по повод Розов октомври и ја истакнува важноста на заедничката грижа и солидарноста.

Средствата собрани од откупот на донираните фустани ќе бидат наменети за поддршка на жените кои се соочуваат со рак на дојка, додека фустаните ќе им бидат подарени на матурантки од семејства во социјален ризик.

Приемот на гостите е предвиден од 18:30 до 19:00 часот, по што ќе следува свеченото отворање. Програмата опфаќа музички настап и обраќања, а во 19:25 часот е закажана модната ревија со Љупка Митрова, Елена Лука и Emily. Финалето и хуманитарната порака се предвидени за 20:00 часот, по што вечерта ќе продолжи со коктел и дружење.

Во својата покана, Галева ја нагласува важноста на поддршката и заедништвото, посочувајќи дека вистинската убавина се препознава и во добрината што се споделува и во трагата што се остава во животите на другите.

„Заедно за жената. Заедно за животот. Заедно за една повеќе“ е пораката со која се најавува оваа хуманитарна вечер во Струмица.

Screenshot