Во пресрет на големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица, ЈП „Струмица Транспорт“ воведува вонреден возен ред на релацијата Струмица – Вељуса.
Поради зголемениот интерес за посета на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“ во Вељуса, в недела 20 септември 2026 година, покрај редовниот автобус, по 14 часот ќе сообраќаат уште два дополнителни автобуси во попладневните часови.
Дополнителна линија е предвиден и в понеделник, кога на релацијата Струмица – Вељуса ќе сообраќаат еден редовен и еден дополнителен автобус.
Вонредниот возен ред е воведен со цел да се обезбеди дополнителен јавен превоз за верниците кои го слават и почитуваат овој празник и кои секоја година го посетуваат манастирот на Пресвета Богородица Елеуса во Вељуса.
Надлежните очекуваат со дополнителниот јавен превоз да се превенира голем сообраќаен метеж и отежнат сообраќај.




















