strumica denes logo

ИСКОП НА ПЕСОК ВО СТРУМИЧКО БЕЗ ПРИЛОЖЕНА ДОКУМЕНТАЦИЈА: ПОЛИЦИЈАТА ЗАТЕКНАЛА КАМИОН И КОПАЧ ВО ДОБРОШИНЦИ

Автор:

Датум:

септември 18, 2026

Автор:

Датум:

септември 18, 2026

Полициски службеници од СВР Струмица на 17 септември затекнале двајца вработени како вршат ископ на песок во река во селото Доброшинци. На местото имало товарно возило и работна машина – копач, сопственост на правно лице, сепарација од селото Сачево.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Полицијата постапила по претходна пријава за ископ на песок, а на терен излегла по овластување на јавен обвинител. За случајот бил известен државен инспектор за животна средина, додека обвинителот ангажирал и геодет.

При увидот било констатирано дека се врши ископ и дека камионот е натоварен со околу девет кубни метри песок. Од правното лице не била приложена соодветна документација за ископот, како барање, договор или елаборат.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.