Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ:
Веќе видено сценарио. Но, овојпат народот ќе казнува зад параванот! 🚨
Со жалење ги следиме случувањата со списоците, заканите и притисоците кон вработени во Јавната администрација во Струмица од страна на СДС. ❌
Ние, како ВМРО-ДПМНЕ изразуваме целосна поддршка и сакаме да ве потсетиме дека не сте сами и не се плашете од никого. Ова се последните обиди на власта во заминување да ве заплашуваат и да ви се закануваат. ✅
Вие сте професионалци, вие сте чесни луѓе кои со макотрпна работа си го заработувате лебот. Никој не може да ви го одземе тоа, а најмалку оние кои ви се закануваат со списоците во раце. 📍
Чувајте го вашето достоинство, вашиот глас дадете го онака како што сакате, а не како што ви налагаат. ✊
Зад параванот никој не може да одлучи за вас. Одлучувате вие. Вие ги носите промените, вие одлучувате за иднината на вашите деца! 🙏
Заврши времето на локалните шерифи. Македонија повторно твоја, Македонија повторно горда. 🇲🇰
Три дена до големата победа на ВМРО-ДПМНЕ! 👌