strumica denes logo

СТРУМИЧАНЕЦОТ НИКОЛА ДЕЛЕВСКИ Е МЕЃУ 12-ТЕ НАЈДОБРИ ПРОСВЕТНИ РАБОТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА!

Автор:

Датум:

септември 11, 2026

Автор:

Датум:

септември 11, 2026

Наставникот по физика во ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица, Никола Делевски, е добитник на признанието „Просветен работник на годината“ за учебната 2025/2026 година.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Признанието го доделува Сојузот на просветни работници на Македонија, а Делевски е меѓу 12-те наставници и професори од целата држава кои се избрани по спроведеното вреднување на пријавите, согласно Правилникот за доделување награди, признанија и пофалници.

Ова значајно признание претставува потврда за неговата посветеност на наставничката професија, континуираната работа и љубовта кон науката, но и за успешната менторска работа со учениците.

Од ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица упатија искрени честитки до својот колега Никола Делевски, посочувајќи дека признанието е заслужено признание за неговиот професионален ангажман и придонес во образованието.