Првите 100 онлајн апликации за ново членство и ажурирање на членството во ВМРО-ДПМНЕ се одобрени вечерва, информира Методија Пасков, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.
Апликациите се поднесени онлајн преку апликацијата за членство, која овозможува едноставно, брзо и современо зачленување во партијата, како и ажурирање на постојното членство. Апликацијата во моментов е достапна за корисниците на „Андроид“ телефони.
Пасков посочува дека одобрувањето на првите 100 апликации претставува само почеток и упатува повик до сите заинтересирани граѓани да ја искористат можноста за онлајн зачленување или ажурирање на своите податоци.
Од ВМРО-ДПМНЕ Струмица нагласуваат дека секој член и секој поединечен придонес се важни за организацијата, со порака дека преку заедништво се гради посилна партиска структура.
„Секој член е важен. Секој од нас е важен. Секој наш придонес е важен“, порачува Пасков.





















