strumica denes logo

НОВ ЛИК ЗА ЦЕНТАРОТ НА СТРУМИЦА? Презентирани креативни архитектонски решенија!

Автор:

Датум:

октомври 27, 2026

Автор:

Датум:

октомври 27, 2026

Идејни архитектонски решенија за Мултимедијален културен центар во Струмица денеска презентираа студенти од Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје (UACS). Презентацијата ги прикажа првите резултати од соработката меѓу локалната самоуправа и факултетот, воспоставена на почетокот на годинава.

Студентските проекти понудија современи и креативни концепти за простор наменет за културата, уметноста и граѓаните. Преку нив, идните архитекти ги претставија своите визии за изгледот и функционалноста на еден ваков центар во Струмица.

Целта на соработката е знаењето и свежите идеи на младите да придонесат кон развивање современи, функционални и одржливи архитектонски решенија за градот.

На презентацијата присуствуваа и ученици од образовниот профил архитектонски техничар при ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ од Струмица. Тие имаа можност одблиску да се запознаат со работата на студентите и со нивниот пристап кон осмислувањето на просторот.

Соработката меѓу локалната самоуправа, образовните институции и младите таленти е насочена кон отворање нови можности за урбаниот развој на Струмица, преку размена на знаења и разработка на конкретни идеи.