Родителите чии деца престојуваат во струмичките детски градинки од 1 октомври ќе треба да издвојуваат поголем месечен надоместок. Наместо досегашните 1.490 денари, престојот ќе чини 2.000 денари по дете.
Зголемувањето на цената изнесува 510 денари, а предлогот беше предмет на едночасовна расправа на седницата на Советот на Општина Струмица.
По дискусијата и спротивставените ставови меѓу советниците од власта и опозицијата, одлуката беше изгласана со 14 гласа „за“ и девет „против“.
Со новата одлука, повисокиот надоместок ќе започне да се применува од 1 октомври годинава.





















