strumica denes logo

Мицкоски повика химната да се интонира во училиштата во сите општини, независно од етничката структура на населението!

Автор:

Датум:

септември 13, 2026

Автор:

Датум:

септември 13, 2026

Премиерот Христијан Мицкоски повика државната химна да се почитува и да се интонира во училиштата во сите општини, независно од етничката структура на населението.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Мицкоски посочи дека начинот на интонирање на химната е јасно уреден со Уставот и законите и дека не постои дилема околу нејзиниот статус.

„Јас повикувам сите, апсолутно сите општини, без разлика на етничката димензија, државната химна да се почитува и да се интонира во училиштата“, рече премиерот.

Тој објасни дека, согласно законските одредби, државната химна може да се интонира со пеење или со слушање.

Во однос на интонирањето химни на други држави, Мицкоски рече дека и тоа прашање е регулирано со закон.

„Има закон како се регулира тоа и согласно законот може да се интонира химна на друга држава доколку се интонира и државната химна“, изјави Мицкоски.

Според него, доколку се почитуваат законските правила, не треба да има никакви проблеми со интонирањето на химни во училиштата.