Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница, а во овие моменти привршува и седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде се усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори.
Струмичанката Ели Панова повторно заслужено се најде на листата за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 4.
Во изјава за Струмица Денес, Панова изјави дека ова ќе биде голема победа на ВМРО-ДПМНЕ не само во Изборната единица 4, туку и во цела Македонија!
Инаку, Ели Панова е Магистар по деловно право, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, поранешна претседателка на Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ Струмица и поранешен член на ИК на Унија на Жени.