strumica denes logo

Премиерот Мицкоски на средба со Македонците во САД!

Автор:

Датум:

септември 21, 2026

Автор:

Датум:

септември 21, 2026

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, денеска присуствуваше на традиционалната средба со Македонците од регионот на Њујорк и Њу Џерси, во рамки на неговата посета на Соединетите Американски Држави.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во текот на посетата, владината делегација присуствуваше на света литургија во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што оствари средба со претставници и членови на македонската дијаспора.

„Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што се сретнав со нашата македонска заедница. Благодарен сум за топлиот прием и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја негуваат врската со татковината. Нашата поддршка за македонските заедници ширум светот останува силна, бидејќи каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

Делегацијата беше пречекана во храмот „Свети Кирил и Методиј“, каде богослужеше отец Гоце Постоловски.

Претседателот на црковната заедница, Тони Коцевски, истакна дека посетата на премиерот претставува значаен момент за македонската заедница во САД.

„Големо задоволство ни е што премиерот е денес со нас. Не се случува секој ден да имаме можност да се сретнеме со највисоките државни претставници во нашата заедница“, рече Коцевски.

Тој додаде дека очекува уште поинтензивна соработка меѓу Македонија и дијаспората, повеќе инвестиции и подобри услови што ќе ги мотивираат иселениците да се вратат во татковината.

Македонскиот иселеник Синиша Спасовски оцени дека посетата е силен сигнал дека државата не ги заборава своите граѓани кои живеат надвор од Македонија.

По престојот во Вашингтон, каде што оствари средби со американски претставници, државната делегација предводена од премиерот Мицкоски престојува во Њујорк, каде ќе учествува на годишното заседание на Обединетите Нации.