strumica denes logo

ЗАГИНА ПЕШАК ВО СЕКИРНИК ОТКАКО ВО НЕГО УДРИЛ АВТОМОБИЛ!

Автор:

Датум:

септември 21, 2026

Автор:

Датум:

септември 21, 2026

На 21.09.2026 околу 01:30 часот во СВР Струмица е пријавено дека на влез во с.Секирник, струмичко, патничко возило „ренџ ровер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот М.И. од Ново Село, удрил во 47-годишниот Ѓ.К. од с.Секирник, струмичко. Во несреќата од здобиените повреди, на местото на настанот починал пешакот, a лекар од Итна медицинска помош Струмица констатирал смрт. Возачот на патничкото возило „ренџ ровер“ М.И. е лишен од слобода и задржан во СВР Струмица.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.