Вкусовите на домашното производство, трудот на земјоделците и умешноста на занаетчиите се спојуваат на едно место! На 3-ти октомври 2026 година, градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица ќе биде домаќин на „Агро саем Струмица 2026“ – фестивал посветен на храната, медот и виното.
Под мотото „Од нашето поле – до вашата трпеза!“, настанот ќе ги обедини домашните производители и љубителите на локалните производи. Посетителите ќе имаат можност да откријат разновидна понуда: мед и пчелни производи, вина и сокови, свежо овошје и зеленчук, зимница и слатка, сирења и млечни производи.
Саемот е одлична можност за земјоделците, производителите и занаетчиите да ја претстават својата работа, да остварат нови контакти и да ги доближат своите производи до потрошувачите.
📞 Заинтересираните изложувачи може да добијат повеќе информации и да се пријават на: 070 389 034.
📅 3 октомври 2026 година
📍 Градски плоштад „Гоце Делчев“ – Струмица
🌾 Со секој избор на домашен производ се поддржуваат локалните производители и нивниот труд!
Саемот финансиски е подржан од Општина Струмица.






















