strumica denes logo

Уживајте во сонцето додека го има – метеоролозите најавуваат промена на времето

Автор:

Датум:

ноември 3, 2018

Автор:

Датум:

ноември 3, 2018

За време на викендот како и на почетокот на следната недела под периферно влијание на циклонски систем и поле на низок воздушен притисок кој ќе биде распространет над Атлантикот како и над западна Европа времето во нашата држава ќе биде умерено, локално и значително облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд особено во понеделник, најавува Славчо Попоски.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно одс југоисточен правец.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на мало опаѓање и веќе на почетокот на следната недела максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени што значи и понатаму ќе бидат над просекот за месец ноември.

До сабота ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Од недела ќе се задржи стабилно време но температурите постепено ќе опаѓаат.