СТРУМИЧАНКАТА ЕЛЕНА ПАНДЕВА ГО РАЗВЕА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ОТКАКО СО ФЕНИКС МОНОПОЛИ ОБЕЗБЕДИЈА ВЛЕЗ ЗА ИГРА ВО ПОВИСОК РАНГ!

јуни 11, 2023

Одбојкарката Елена Пандева од Струмица го развеа македонското знаме во Италија откако со нејзиниот тим Феникс Монополи обезбедија влез за игра во повисок ранг, односно влез во Б лигата. Синоќа во финалната мајсторка извојуваа победа против противникот со резултат од 2:3 во сетови.

„Игравме против Монтерони, силна екипа кои беа на врвот од другата група, а ние цела сезона втори во нашата. Но ете, тука сме…Феникс Монополи испишува историја за влез во Б лигата.“ – изјави Елена за Струмица Денес.

Ова е трета сезона за Пандева надвор од Македонија и скоро секоја година го остварува истиот успех, влез во повисок ранг. Честитки од тимот на Струмица Денес.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ