strumica denes logo

ВЛАДИМИР РИСТОВ: 30.000 евра разлика во договорите за набавка на контејнери во Општина Струмица – Која е економската логика на Костадинов?

Автор:

Датум:

ноември 20, 2024

Автор:

Датум:

ноември 20, 2024

Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

30.000 ЕВРА РАЗЛИКА ВО ДОГОВОРИТЕ ЗА НАБАВКА НА КОНТЕЈНЕРИ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА

Приближно 2 милиони денари или 30.000 евра е разликата од набавка на Општина Струмица на исти контејнери, со иста спецификација, набавени од иста фирма во период од 1 година.

Која е економската логика на градоначалникот Костадинов при набавка на контејнери како дел од урбаната опрема?

Во јуни 2023, Општина Струмица набавува 20 контејнери по цена од 9.717.300 денари или по околу 8000 евра по контејнери. Со таа набавка Струмица ги доби најскапите полу подземни контејнери во државата иако повеќе општини контејнерите ги имаа набавено по далеко пониски цени.

Во септември 2024 исти контејнери, со иста спецификација, иста голема, набавени од ист економски субјект се набавени за цена од 6500 евра, повторно скапа цена споредбено со другите градови во државата, но за 1500 евра поевтина од претходната набавка на контејнери на Струмица.

‼️Првата набавка е 20 контејнери по 8000 евра.

‼️Втората набавка за исти контејнери, купени од исто место е 7 контејнери по 6500 евра.

Ако цената на контејнерите е 6500 евра, се јавува разлика од околу 30.000 евра на првата набавка на контејнери.

Која е економската логика на Костадинов при набавката на контејнерите? Дали е ова домакинско работење со буџетот на општина Струмица?

Со овој договор се потврдуваат нашите критики дека контејнери набавени минатата година се енормно скапи и не содвествуваат со пазарната вредност.

Дополнително за првите контејнери набавени се 7 оштетени вреќи по единечна цена од 3200 евра иако договорот за јавна набавка нуди гаранција на самите контејнери.
Општина Струмица досега за 27 контејнери има потрошено 14 милиони денари.