strumica denes logo

КОНЕЧНО И ВО СТРУМИЦА: БОЈАН ВЕЛЕВСКИ СО „ЧАТ ЏПТ И МАКЕДОНЦИТЕ“ – НАСТАП НА 14 ОКТОМВРИ ВО „АНТОН ПАНОВ“

Автор:

Датум:

октомври 1, 2026

Автор:

Датум:

октомври 1, 2026

По почетокот на турнејата „ЧАТ ЏПТ и Македонците“ во Тетово, каде во неделата настапи пред 700 посетители, комичарот Бојан Велевски се подготвува за средба со струмичката публика.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Настапот во Струмица е закажан за 14 октомври, во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“. Билетите се по цена од 400 денари, а може да се набават во „Булевар“, „Собрание“ и на билетарницата во театарот.

Според информациите од неговиот тим, досега е пополнет 30 отсто од капацитетот на салата.

Од тимот на Велевски најавуваат дека до крајот на годинава нема да има репризен настап во Струмица, поради густиот распоред на комичарот и обврските по завршувањето на турнејата.