Викендов нè очекува нова ракометна пресметка исполнета со енергија, спортски дух и поддршка од трибините: РК Вардар против ГРК Охрид.
Дербито меѓу Вардар и Охрид ќе се одигра во сабота, 3 октомври, со почеток во 18:30 часот, во СЦ „Јане Сандански“, во рамки на 5. коло од Супер лигата.
Пред „црвено-црните“ е уште еден важен домашен предизвик, во кој поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив во борбата за нова победа.
Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија и овојпат е со шампионите, со поддршка за нивниот победнички дух, страст и борбеност до последниот свиреж.
Во сабота, навиваме за шампионите. Навиваме за Вардар. Навиваме за уште една победа!
























