strumica denes logo

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ МУАБЕТ СИ ПРАВАТ СО „ЧАТ ЏПТ“ – ПОКАЖУВА НОВАТА АНАЛИЗА!

Автор:

Датум:

октомври 1, 2026

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 1, 2026

Категории:

Струмица

Македонците го користат ChatGPT како извор на практични совети, помош и простор за лично изразување, покажува анализата на Институтот „Демократика“, базирана на податоци од OpenAI Signals v2.0.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Според анализата, во јуни 2026 година, 39,9% од пораките од Македонија биле поврзани со практични совети и помош. Со овој удел, земјава се нашла на второто место меѓу 36 анализирани европски земји.

Македонија е трета според уделот на пораки поврзани со самоизразување. Во јуни била и единствената опфатена земја во која разговорот и личното изразување биле почести од директното барање информации.

Пораките поврзани со работа учествувале со 18,1%, додека директното барање информации изнесувало 16,4% – најнизок удел меѓу анализираните земји.

Ваквите резултати укажуваат дека употребата на ChatGPT во Македонија оди подалеку од работните задачи и пребарувањето информации. Корисниците му се обраќаат и за секојдневни дилеми, совети и разговор, давајќи му улога на дигитален помошник и соговорник.

Анализата го опфаќа периодот од јули 2024 до јуни 2026 година. Податоците се однесуваат на уделот на различните видови пораки, а не на бројот на корисници.