УМС-СТРУМИЦА:
Веќе стана досадно да се зборува за хигиената во општината и за решавање на дивите депонии, па младите решиле во Струмица тоа да стане забавно. Дивата депонија во Водоча е избрана за Мис Депонија на 2018 година.
,,Веќе стана досадно да зборуваме за ѓубрето во градот и депониите. Решивме да погледнеме позитивно на проблемот. Да направиме Депонија Фест и да избереме Мис дива Депонија на 2018 година.
За таа намена ја избравме дивата депонија Водоча, и денеска и доделуваме свечено златна лента МисДепонија. Оваа дива лепотица, ги има сите бои, сите мириси и често го гледаме оганот што во неа тлее. За неа се погрижија Комуналец и негрижата на Градоначалникот.
Но, не ја оставаме сама. Наскоро ќе објавиме избор на Мистер Контејнер 2018 година. Очекувајте не”
https://www.facebook.com/886604531394812/videos/2249471868607161/?t=1