Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во недела доаѓа во Струмица каде во Центарот за култура ќе има средба со граѓаните на општина Струмица. Во продолжение погледнете ја целосната прес конференција на портпаролката на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Александра Митева!
ПОЧИТУВАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕДИУМИТЕ,
ЦЕЛТА НА ОВАА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Е ДА ГИ ИЗВЕСТИМЕ ЧЛЕНОВИТЕ И СИМПАТИЗЕРИТЕ НА ВМРО- ДПМНЕ ДЕКА ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ ОРГАНИЗИРА СРЕДБА:
ВО НЕДЕЛА НА 31 МАРТ СО ПОЧЕТОК ВО 19 ЧАСОТ ВО ГОЛЕМАТА САЛА НА НУЦК АНТОН ПАНОВ СТРУМИЦА.
НА СРЕДБАТА ЌЕ БИДЕ ПРИСУТЕН И ЌЕ НИ СЕ ОБРАТИ ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ГОСПОДИН ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ.
ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ,
ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ ВО РАМКИТЕ НА СВОЕТО РАБОТЕЊЕ АКТИВНО ЈА СЛЕДИ СОСТОЈБАТА ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА И ДРЖАВАТА.
ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ СЕКОЈДНЕВНО ДОБИВА ПОПЛАКИ НА СОГРАЃАНИТЕ КАКО РЕЗУЛТАТ НА СЛАБОТО РАБОТЕЊЕ И НЕРЕАЛИЗИРАНИТЕ ВЕТУВАЊА НА ВЛАСТА.
СЛЕДЕЈЌИ ГИ СЕКОЈДНЕВНИТЕ ПРОБЛЕМИ СО КОИ СЕ СООЧЕНИ ГРАЃАНИТЕ ПРЕДУПРЕДУВАМЕ ДЕКА ОДРЕДЕНИ СОСТОЈБИ СЕ ЗАГРИЖУВАЧКИ.
ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ ИСТОВРЕМНО СЕ АНГАЖИРА ДА ПОНУДИ РЕШЕНИЈА И АЛТЕРНАТИВА НА СИТЕ НИВОА.
НАШ НАЈГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК Е СЕРИОЗНИОТ ПОЛИТИЧКИ ИСПИТ ПРЕД КОЈ Е ИСПРАВЕНА НАШАТА ЗАЕДНИЦА.
ЗА ТАА ЦЕЛ, ОБЕДИНЕТИ И ЕДИНСТВЕНИ ДА НАСТАПИМЕ ХРАБРО И ОДЛУЧНО НА ПРЕДИЗВИКОТ ДОНЕСОВМЕ ОДЛУКА ВО НЕДЕЛА СО ПОЧЕТОК ВО 19 ЧАСОТ ВО ДОМОТ НА КУЛТУРА ДА НАПРАВИМЕ ГОЛЕМА СРЕДБА СО ЧЛЕНОВИТЕ И ДА ГИ ПОКАНИМЕ СОГРАЃАНИТЕ.
ВИ БЛАГОДАРАМ.