strumica denes logo

ПЕТАР МАРКОВ – Нов претседател на Републичка комисија за здравство на УМС ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

август 30, 2018

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

август 30, 2018

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

По обавувањето на функцијата претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во ОК Ново Село, со одлука на ИК, за нов претседател на Републичка комисија за здравство на УМС на ВМРО-ДПМНЕ е избран Петар Марков. По професија е доктор на општа медицина и специјализант на абдоминална хирургија а исто така е автор на бројни колумни и текстови кои обработуваат политички теми.

На синоќешната прва седница на Комисија за здравство, беше извршен увид во кадровиот потенцијал на комисија и беше поставена основата за функционирање на истата.

-„Со огромно задоволство можам да кажам дека во составот на Републичката комисија за здравство се најдоа млади, успешни кадри кои изобилуваат со знаење и искуство за справување со проблематиката која е предмет на обработка на комисијата. Се работи за мотивирани млади професионалци кои имаат желба преку својот придонес да остават белег во унапредувањето на здравството на Република Македонија“ – изјави новоизбраниот претседател.

Впечатоците од првата седница изгледаат доста позитивни кои се чини се резултат на амбициозни рани цели на комисијата.

-„Моментално во комисијата се застапени сите профили од медицинската професија: доктори на медицина, стоматолози, фармацевти, медицински техничари, така што не очекуваме проблем околу обезбедување информации од терен и понуда на квалитетни и соодветни решенија за проблемите. Токму врз таа основа се темели и нашиот оптимизам за успешноста на комисијата. Веќе на самиот старт е донесена и одлука за изработка на Стратегија за работа на Републичка комисија за здравство на УМС, кој документ ќе биде објавен и лично од членовите на комисијата презентиран на јавноста“ – рече Марков.

Уште една корисна информација која ја добивме од новоназначениот претседател е и концептот за градење и проширување ова работно тело.

„-Комисијата за здравство е отворена за секој кој поседува знаење и има мотив да даде придонес во таргетирањето на проблемите во здравството , нивно дефинирање и понудата на решенија за истите. Веќе од денеска е распишан интерен оглас за проширување кој ќе трае до 15-ти септември, така да секој кој мисли дека поседува соодветни вештини и е спремен да ги стави во функција на поефективно функционирање на комисијата – ќе биде добредојден“ – порача Петар Марков.