Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ,Струмица-Тања Достинова, заедно со неколку членови денеска го посетија штандот на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ кој е поставен пред млечниот ресторан „Карпош“. Tие се дружеа, разговараа и купија рачно изработени велигденски украси. Инаку, парите собрани од продажбата ќе бидат искористени за опремување на Социјалниот клуб „Порака“ во Струмица.