Денеска имаше мирен, достоинствен изборен процес, заклучи генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. Тој им честитаме на институциите за, како што вели, спроведените мирни и фер демократски избори, додавајќи кампањата завршила со мирен изборен ден.
-Бевме сведоци на проблемите со апаратите за отпечаток од прст, но тоа беше барање на ВМРО-ДПМНЕ за да го гласаат Изборниот законик и ние како демократска партија тоа го прифативме за резултатите да бидат кредибилни и никој да не ги оспорува, рече Николовски.
Според него првичните трендови говорат дека СДСМ и коалицијата ќе забележат уште една сигурна победа.