Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница, а во овие моменти привршува и седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде се усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори.
Жан Дрвошанов од Струмица е на листата на кандидати за пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 4 во која носител е потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Жан Дрвошанов е роден во Струмица во 1967 година. Завршил Економски факултет на УКИМ Скопје во 1991 година.
Повеќе од триесет години работи во областа на финансиско сметководствени работи. Од 1995 година основа своја фирма за сметководствени финансиски и консултантинг услуги во Струмица.
Во 2020 година е избран за Претседател на Општински Комитет ВМРО – ДПМНЕ Струмица.