strumica denes logo

Во Струмица, Тетарска претстава за деца „Мачорот во чизми со бели зајачиња, златни рипки, гулаби во боја!

Автор:

Датум:

мај 4, 2025

Автор:

Датум:

мај 4, 2025

Недела, 11.05.2025 во НУЦК Антон Панов-Струмица во 12 часот. Станува збор за ексклузивната театарска циркуска претстава за деца “Мачорот во чизми”. Со доаѓањето на месец мај започна и онаа театарска магија на која најмногу се радуваат најмладите, искрени детски срца. По тој повод, специјално само за најмладата публика во Струмица на 11.05.2025 (недела) во 12 часот во НУЦК Антон Панов ПРЕМИЕРНО ќе биде одиграна театарската – циркуска претставата за деца “Мачорот во чизми и волшебниот магионичар”, претстава во која учествува и вистински професионален магионичар кој преку магични трикови вади златни рипки, вистински заjачиња, гулаби во боја, како и голем број на магични трикови… Станува збор за професионален циркуски магионичар кој за време на претставата му прави друштво на Мачорот во чизми- омилениот детски театраски лик во секоја бајка.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Како и во сите градови, така и во Струмица, оваа театарска претстава за деца ќе создаде волшебни, детски спомени во секое детско срце, а воедно ќе ги потсети родителите на дечињата на времето кога и тие беа деца, и уживаа во магијата на театарот преку Мачорот во чизми. Ова е претстава, која според публиката е вистински детски, магичен-театарски спектакл за најмладите.

Станува збор за претстава која ги полни салите низ цела Македонија. На крајот од претставата, дечињата ќе се сликаат со Мачорот во чизми, како и белите зајачиња, гулабите кои стојат на рамо кај децата, златните рипки….

Се гледаме на театарска магилна претстава, а Вие билети 24/7 може да си резервирате на телефон 070/ 272-593 или лично да си купите од билетарата во НУЦК Антон Панов, секој работен ден од 08 до 15 часот.

Цена на билет во претпродажба за само 200 денари.